Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во второто коло на Отвореното првенство на Австралија, откако со 3:1 во сетови го победи Џек Драпер од Велика Британија. Надал, кој е актуелен бранител на трофејот во Мелбурн и втор на АТП листата, го доби првиот сет со 7:5, но Драпер изненади во вториот сет и го доби со убедливи 6:2 за израмнување на 1:1.
Во третиот сет беше неизвесно, Надал поведе со 5:4 и во клучниот гејм успеа да направи брејк за да го добие сетот со 6:4. На почетокот на четвртиот сет, Драпер направи брејк и поведе со 1:0, но во тој момент Британецот се повреди. Иако требаше да го предаде дуелот, Драпер реши да остане на теренот, но не можеше да парира на Шпанецот, па Надал лесно ги доби следните шест гејма и на крајот славеше со 6:1.
Во второто коло Надал ќе игра против Мекензи Мекдоналд, кој со 3:2 во сетови беше подобар од Брендон Накашима.