Надал: 2024 ќе ми биде последна година во кариерата (Видео)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно се огласи во јавноста и порача дека идната година се враќа на терените, но и дека тоа ќе му биде последна сезона во професионалната кариера.

Надал неодамна порача дека ќе се врати кога ќе биде целосно подготвен и дека сè уште не е сигурен дали ќе игра на првиот гранслем-турнир во 2024 година, Отвореното првенство на Австралија.

https://twitter.com/i/status/1732747157722058835

 

Сега Шпанецот повторно се огласи преку социјалните мрежи и уште еднаш потврди дека ќе се врати, но и дека најверојатно 2024 година ќе му биде последна во професионалната кариера.

„Нормално дека често помислував дека нема никаков смисол повторно да се натпреварувам, но се борев ја одржував илузијата. Ги имав вистинските луѓе околу себе, луѓе кои сакаат да ме гледаат како играм. Но, постојат добри шанси дека 2024 година ќе ми биде последна“, рече Надал.

- Оглас -

Најнови вести