Надал 82 дена немаше победа, па за помалку од два часа освои три сета против Србинот

Рафаел Надал со лесна победа во три сета го почна својот настап на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Шпанецот, кој е втор носител и фаворит по Новак Ѓоковиќ, за 1 час и 52 минути го победи Србинот Ласло Ѓере со 6-3, 6-4, 6-1.

Надал цели 82 дена чекаше на својата нова победа, немаше триумф уште од ноември, кога на завршниот Мастерс го надигра Стефанос Циципас. Ѓере е 56-ти на АТП-листата, но не успеа посериозно да му се закани на Рафа, кој во 2009 го освои Отвореното првенство на Австралија.

И во второто коло Надал би можел да игра против Србин, и тоа против Виктор Троицки, кој има дуел со Мајкл Мо и во моментов Троицки води со 2-1 во сетови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести