Ќе има шоу на Игрите во Париз: Надал победи и закажа дуел со Новак Ѓоковиќ !

Рафаел Надал успешно го помина првото коло на олимпискиот турнир во Париз. Во меч кој траеше нешто повеќе од два и пол часа, Надал со 2:1 во сетови го победи Мартон Фучович. Со оваа победа, Надал во второто коло си закажа дуел против Новак Ѓоковиќ.

Фуриозно започна Шпанецот и првиот сет го освои убедливо со 6:1, но потоа дојдоа мали проблеми. Во вториот сет, Фучович покажа отпор и го доби сетот со 6:4 за израмнување на 1:1.

Сепак, кога беше најпотребно, Надал во третиот сет одигра одлично. При 2:2 во гемови, Шпанецот направи брејк, кој на крајот се покажа како доволен за да го добие сетот со 6:4 и да се пласира во второто коло на Игрите во Париз.

- Оглас -

Најнови вести