Надал: Да сум на местото на капитенот, не би се ставил себеси за следниот меч!

После поразот во мечот кој можеби му беше последен во кариерата, Рафаел Надал изјави дека да е на местото на капитенот на шпанската Дејвис куп репрезентација, Давид Ферер, не би се ставил да игра на наредниот меч.

Надал ги загуби првиот, и потенцијално последниот меч во Дејвис купот, а сите други 29 меча во овие изминати 20 години ги реши во своја полза и на шпанската репрезентација ѝ носеше многу победи и радости.

„Се обидов, но не успеав. Капитенот ќе одлучи дали да играм. Да бев на негово место, немаше да го играм следниот натпревар. Денеска можеби беше мојот последен натпревар. Не вршам никаков притисок врз него. Тука сум да му помогнам на тимот, ако треба и од клупата“, рече Надал.

- Оглас -

Најнови вести