Рафаел Надал закрепнува по повредата која го одалечи од тенискиот терен до крајот на оваа година. Шпанецот кој има 22 гренд слем титули планира во 2024 година повторно да проба да се врати во врвна форма и да атакува на уште некој трофеј.
Овие жешки денови, Надал ги користи за одмор во Грција, а еден од луѓето кои го препознаа, реши да го праша едно фудбалско прашање. „Еј, Рафаел, које подобар фудбалер, Меси или Роналдо?“, праша навивачот, а тенисерот даде искрен одговор.
„Меси е подобар, но јас сум навивач на Реал Мадрид“, рече Надал.