Надал точно пред две децении дебитираше во сениорскиот тенис и стана тенисер со најмногу титули (ФОТО)

Рафаел Надал точно пред 20 години го одигра првиот свој тениски меч во сениорска конкуренција.

Сега веќе легендарниот Шпанец пред две децении на АТП-турнирот во својата Мајорка како 15-годишно момче настапи со вајлд-карта и како 762 тенисер во светот се соочи против Парагваецот Рамон Делгадо, којшто се наоѓаше на 81-вото место.

Но, тоа не му пречеше на младиот Рафа за да дојде до победата од 6:4, 6:4 и со тоа да ја започне неверојатната жнеачка на трофеи.

Во моментов тој е тенисерот со најмногу гренслем-титули (21), додека сега како 35-годишен се подготвува за настап на Ролан Гарос, каде што се чувствува како дома бидејќи има освоено 13 титули, а сега ќе атакува на нова.

- Оглас -

Најнови вести