Надал е 14-ти на АТП-листата, а може да биде прв носител на „Ролан Гарос“

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по долго време објави фотографија на „Инстаграм“, а на сликата се гледа како тренира и со тоа индиректно најави дека неговото враќање на терените е блиску.

Надал нема играно уште од Отвореното првенство на Австралијан, не е во натпреварувачки ритам, а целта му е да биде подготвен за одбрана на титулата на „Ролан Гарос“, кој почнува отприлика за еден месец.

Годинешниот „Ролан Гарос“ е многу важен бидејќи во моментов Надал и Новак Ѓоковиќ се израмнети на врвот со по 22 гренслем-титули.

Се шпекулира дека е можно Надал и Ѓоковиќ да бидат прв,, односно втор носител за да се избегне нивен евентуален дуел пред финалето. Надал дури 13 пати го освојуваше овој гренслем, но ако биде носител според актуелниот ранкинг, би имал многу тежок пат до финалето.

Рафа моментно е 14-ти на АТП-листата и ако нема повластена позиција, би можело порано да налета на Ѓоковиќ или Карлос Алкарас. Ова се само нагаѓања, уште постои и најлошата опција за Надал – да не игра на „Ролан Гарос“.

- Оглас -

Најнови вести