Рафаел Надал и Фабио Фоњини се двајца тенисери кои одлично се познаваат. Иако Италијанецот не бил меѓу оние кои се во Топ 5 во светот, сепак има една завидна историја кога се работи за мечеви против Шпанецот.
Рекордерот по бројот на гренслем-титули има дури 17 меча против Фоњини, кој е само една година помал од Надал. Двајцата ветерани првпат меѓу себе се сретнале во мај 2013 година и досега имаат одиграно вкупно 17 дуели.
Очекувано, Надал е многу подобар дури со 13 победи, додека Фоњини, кој се радувал само четири пати против фаворитот, се сеќава на триумфот во септември 2015 година, кога токму на Отвореното првенство на САД во еден драматичен меч, кој траеше речиси четири часа, успеа да го елиминира Надал со 3:2 во сетови. Фоњини се надева дека седум години подоцна може да го повтори истиот подвиг, додека Надал е фокусиран кон атакот на нова гренслем-титула.