Рафаел Надал ќе игра во полуфиналето на Вимблдон откако во неверојатен меч, со 3:2 во сетови го победи Тејлор Фриц. Надал губеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но Шпанецот уште еднаш покажа зошто е најтрофеен тенисер во историјата на гренслем-турнирите н на крајот победи со 3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6 (10:4).
Во полуфиналето Надал ќе игра против Ник Кирјос, додека во второто полуфинале ќе играат Ѓоковиќ и Нори.
ФРИЦ ИМАШЕ КОНТРОЛА НАД РЕЗУЛТАТОТ ВО РЕЧИСИ ЦЕЛИОТ МЕЧ, НО…
Мечот од самиот старт почна возбудливо. Надал веднаш направи брејк, па поведе со 3:1, но тогаш започна шоуто на Фриц. Американецот не само што се врати во сетот, туку освои пет гејма во низа (направи два брејка), па го доби првиот сет со 6:3.
И во вториот сет Надал прв доби брејк и поведе со 3:0, но Фриц израмни на 3:3, беше 5:5 кога Надал го доби својот сервис, а потоа успеа да го освои и сервисот на противникот за 7:5 и израмнување на 1:1 во сетови.
Во третиот сет доминираше Фриц. Американецот направи два брејка, одличен беше на свој сервис и го доби сетот со 6:3 за 2:1. Надал во четвртиот сет повторно беше во ситуација да брка негатива и успеа. При резултат 5:5, Шпанецот повторно успеа да направи брејк и повторно да го добие сетот со 7:5.
КОГА Е НАЈПОТРЕБНО, НАЈТРОФЕЈНИОТ Е НАЈДОБАР
Петтиот сет беше кулминација на драмата. Беше 3:3 кога Надал направи брејк, но Фриц веднаш возврати за 4:4, што беше најава дека за место во полуфиналето ќе се игра тајбрејк. Во трката кој прв до 10 поени, Надал одлично започна и поведе со 5:0, а Шпанецот е доволно искусен да не ја пропушти оваа предност.