Рафа Надал периодов настапува на САД Опен, додека неговата сопруга Марија Франсис Перељо се наоѓа во приватна болница.
Причините за такво нешто се компликациите кои што и се појавиле во 32-та недела од бременоста, при што е однесена на приватна клиника во Мајорка.
Нема точни информации за тоа каква е состојбата, а Надал кажа само дека неговата сопруга е добро.
Но, информациите кои што доаѓаат од САД велат дека Надал е подготвен во секој миг да го напушти Њујорк и да замине во своето родно место, доколку се случат дополнителни компликации.
Надал во 01 часот пополноќ ќе треба да го игра мечот против Ришар Гаске, а евентуално заминување ќе значи и откажување од походот кон 23-та гренд слем титула.