Надал е тажен, нема да игра на омилениот турнир кој го освојуваше 12 пати

Тенискиот крал на земјените терени, Рафаел Надал, објави лоша вест дека нема да може да настапи на турнирот во Барселона, кој е еден од неговите омилени, и го има освојувано дури 12 пати во кариерата.

Ова е шести турнир по ред на кој Надал поради повреда го откажува учеството. Сега му остануваат само турнирите во Мадрид и Рим пред „Ролан Гарос“. Надал би требало да настапи на парискиот грен-слем, а за таму да се појави подготвен, ќе ја повтори ланската формула, кога истотака пред Ролан Гарос играше само на силните турнири на земја во Рим и Мадрид.

Лани Рафа по 14-ти пат го освои Отвореното првенство на Франција, а во Мадрид и Рим одигра вкупно само пет меча.

- Оглас -

Најнови вести