Надал едноставно нема сила, елиминиран во второто коло во Рим

Рафаел Надал е елиминиран во второто коло на мастерсот во Рим, откако со 2:0 во сетови загуби од Херберт Хуркач.

Хуркач започна силовито и првиот сет го доби убедливо со 6:1. Во вториот сет Надал даде малку поголем отпор, но повторно загубо два гема на свој сервис што беше доволно за освојување и на вториот сет со 6:3 и крај на дуелот кој траеше нешто повеќе од еден и пол час.

Надал се надеваше дека на турнирот во Рим ќе покаже дека се враќа во форма и тоа пред стартот на неговиот омилен грен-слам турнир, францускиот Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести