Надал ги „дроби“ противниците, има 18 победи по ред на гренслем-турнирите

Рафаел Надал осми пат во кариерата ќе игра во четвртфиналето на Вимблдон откако без многу проблеми со 3:0 во сетови го победи Ботик ван де Зандшулп, во меч кој траеше помалку од два и пол часа.

Шпанскиот тенисер кој триумфираше на Отвореното првенство на Австралија и на Ролан Гарос, сега е во атак на третиот гренслем-турнир сезонава и продолжување на перфектната низа.

За Надал ова беше вкупно 309-та гренслем-победа. Повеќе од него имаат само Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

- Оглас -

Најнови вести