Надал ги израдува фановите: Се враќам, подготвен сум

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека ќе настапи на турнирот во Барселона кој започна денеска. Надал, кој на овој турнир триумфирал 12 пати, денеска успешно одработи тренинг околу пладне, по што на прес-конференцијата им потврди на новинарите дека ќе игра.

„Среќен сум што сум тука, имам многу убави сеќавања од овој турнир. Во последен момент одлучив да пристигнам во Барселона бидејќи имав позитивна недела што се однесува до тренинзите и утре ќе се појавам на теренот. Последниот тренинг помина добро, чувството е позитивно“ изјави Надал.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1779870167679283290

 

Шпанецот уште еднаш потврди дека ова е негова последна година во кариерата.
„Ова е моја последна година како професионалец и сакам да уживам во секој момент. Затоа ова е повеќе од обично чувство, чувствувам дека сум подготвен за утрешниот меч. Реален сум, ме возбудува самата помисла што сум тука на овој турнир“, вели Надал, кој утре ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи.

Ова ќе биде прв негов меч од јануари годинава и прв на земја од минатогодишното издание на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести