Надал го доби првиот сет со 6:1, а потоа загуби на Мастерсот во Рим

Рафаел Надал испадна во осминафиналето од Мастерс турнирот во Рим, откако на сензационален начин загуби од Денис Шаповалов со 2:1 во сетови. Мечот траеше повеќе од два и пол часа, а на крајот Надал си замина како поразен.

Почетокот на мечот не делуваше дека Надал ќе има проблеми затоа што Шпанецот лесно го доби првиот сет со 6:1. Во вториот сет беше 5:5 во гејмови, Шаповалов го доби својот сервис, а потоа направи брејк и со 7:5 го доби вториот сет за израмнување на 1:1.

Во третиот сет, Надал прв направи брејк, но Шаповалов веднаш возврати. Беше 2:2, но потоа Надал ги загуби следните два сервиси и го доби сетот со 6:2, а со тоа и мечот.

- Оглас -

Најнови вести