14.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Надал го отпиша Ѓоковиќ: Готово е, Мелбурн му беше шансата!

Поранешниот легендарен шпански тенисер Рафаел Надал изјави дека со поразот во финалето на Отвореното првенство на Австралијан, Новак Ѓоковиќ практично ги изгубил шансите да ја освои долгоочекуваната 25-та гранслем-титула, но додаде дека Србинот не треба да се гледа само од аголот на триумфот.

„Готово е. Не мислам дека треба да го анализираме тенисот само врз основа на тоа кој ќе победи. Тој имаше шанса во Мелбурн, а во оваа фаза од неговата кариера, да бидам искрен, нема многу преостанати шанси. Сепак, она што го постигнува е апсолутно восхитувачко“, рече Надал.

Во текот на 18-те години соперништво, Ѓоковиќ и Надал одиграа дури 60 меѓусебни дуели.

- Оглас -

Најнови вести