22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Надал го среди и Кирјос, следен на менито е играч кој чувал негови постери како дете

Рафаел Надал во Индијан Велс го победи Ник Кирјос со 7-6, 5-7, 6-4 и се пласира во своето 76-то полуфинале на турнирите од серијата Мастерс 1000.

Така Шпанецот остана непоразен во 2020 година, има скор 19-0. Не му беше лесно, мечот траеше речиси три часа, Кирјос имаше добиено три од последните осум меѓусебни дуели, па Надал и овојпат се помачи, но ја оствари целта.

Следен противник на Надал е неговиот сонародник Карлос Алкараз. Тоа ќе биде нивен втор меѓусебен дуел, играа и пред 318 дена, на денот кога Алкараз стана полнолетен. Инаку идол на Алкараз е Надал и како дете Карлос собирал постери од Рафа.

Надал против Кирјос знаеше со кого си има работа, беше подготвен за секакви трикови и изненадувања, па така освои поен и кога Австралиецот имаше еден необичен сервис:

https://twitter.com/i/status/1504588426355646472

- Оглас -

Најнови вести