Рафаел Надал вели дека му е жал за Новак Ѓоковиќ и за бизарниот инцидент, по кој српскиот тенисер беше исфрлен од Отвореното првенство на САД.
Двајцата ќе бидат топ-носители на Матсерсот во Рим што започна денеска, а за Надал тоа ќе биде и магично, ривал ќе му биде Карењо Буста, играчот против кого беше исклучен Ѓоковиќ на гренслем-турнирот во Њујорк.
„Ми е жал за Новак. Веројатно требаше повеќе да внимава, но се случуваат и такви работи. Немаше среќа и му се случија многу малери во последно време. Веројатно ќе го освоеше пехарот во Њујорк“, вели Надал.
Тој е втор носител на Мастерсот во Рим, токму зад Новак, а од големите ривали се очекува ново финале. Лани Шпанецот беше подобар и го освои пехарот во главниот град на Италија со победа од 6:0, 4:6, 6:1.
Надал е неприкосновен на овој турнир со рекордни 9 титули, а Ѓоковиќ има вкупно четири.