Надал: „Ѓоковиќ би бил фрустриран без рекордот“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до бројката од 24 гренслем-трофеи и официјално постави рекорд како најдобар тенисер на сите времиња. Шпанецот Рафаел Надал, останува на 22 и тешко дека ќе успее да го стигне Србинот, иако сè уште не е официјално пензиониран.

Тој во една изјава предизвика бес кај фановите на Новак Ѓоковиќ, критикувајќи го српскиот тенисер.

„Мислам дека Ѓоковиќ ја живее таа гренслем-приказна на малку поинтензивен начин од мене и останатите тенисери. За него би била голема фрустрација да не го направеше овој рекорд“, вели Надал.

 

- Оглас -

Најнови вести