Роџер Федерер е подготвен за неговиот омилен гренд слем турнир. Швајцарецот денеска го игра првото коло на Вимблдон, и тоа против Џорџ Харис од Јужна Африка, кој е 86-то рангиран на АТП-листата, против кого ќе игра за првпат.
Низ долгата и богата кариера, Федерер има одлични спомени од мечевите на тревнатите терени на Вимблдон бидејќи дури осум пати бил шампион. Последен пат на трофејот се радуваше во 2017 година. Оваа година, освен трката за пехарот, пред Роџер има уште една мисија. Да стигне до троцифрен број на победи на Вимблдон.
Мометниот биланс на легендарниот Швајцарец на овој гренд слем е 95 победи и само 13 порази. Тоа значи дека сега мора да стигне најмалку до полуфинале за да може да се израдува на 100-тата победа. Федерер е единствениот тенисер во машка и женска конкуренција кој сезонава по 21 пат во низа ќе се појави на овој турнир. Во првото коло нема загубено уште од 2000 година.
Рафаел Надал е подготвн да го одигра својот прв меч по победата на Ролан Гарос. Шпанецот реши дека ќе паузира до Вимблдон за да биде поодморен. Прва пречка за Надал е Јучи Сугита од Јапонија, кој е дури на 274-тата позиција на АТП-листата.
Освен Федерер и Надал, денеска ќе играат и Доминик Тим и Кеј Нишикори. Интересно е тоа што за двајцата тенисери овие ќе бидат први мечеви на трева сезонава.
Во понудата на Sport Life обложувалниците има повеќе од 140 мечеви само од Вимблдон, а и интересни игри кои вредат да се одиграат, па затоа е добро да ја погледнете целата понуда на Sport Life, ТУКА.