Надал и Медведев рутински до четвртфиналето на ОП на Австралија

Рафаел Надал се пласира во четвртфиналето на австралискиот гренслем со рутински триумф над Фабио Фоњини по три сета со 6-4, 6-4, 6-2. Вториот фаворит на турнирот речиси и да немаше проблеми против моментално 17-торангираниот италијански тенисер, кој го реши за околу два часа и дваесет минути.

Фоњини имаше моменти на блесок кога му направи брејк на Надал во првите пет гема од дуелот, а потоа и на потешкиот начин му го препушти сетот за водство откако Италијанецот спасуваше три сет-топки. Фоњини добро тргна во вториот сет, дури и водеше со 4-2 по нов брејк, но Надал возврати со два украдени сервиси едноподруго и направи пресврт. Шпанецот поведе со 5-1 во третиот сет, по што беше јасно дека ќе се најде меѓу најдобрите осум, а во битката за полуфинале го чека подобриот од дуелот Циципас – Беретини.

Претходно Данил Медведев за час и половина го реши Мекензи Мекдоналд со 6-4, 6-2, 6-3 и во четвртфиналето ќе се сретне со Андриј Рубљев, кој обезбеди пласман во четвртфиналето откако противникот Каспер Руд го предаде мечот по два сета.

 

- Оглас -

Најнови вести