Рафаел Надал пропушти поголем дел од сезоната во 2021 година, но сега Шпанецот полека се обидува да се врати во ритам. Надал е дел од егзибицискиот турнир во Абу Даби, каде вчера загуби од Енди Мареј со 2:0 во сетови.
Денешен ривал на Надал е Денис Шаповалов, кого го има веќе еднаш победено оваа година и тоа на турнирот во Рим со 2:1 во сетови. За Надал ова ќе биде само четврти меч во последниве шест месеци.
Од поразот на Ролан Гарос од Новак Ѓоковиќ, Надал играше само на турнирот во Вашингтон во август, каде што имаше една победа, а потоа беше елиминиран, што значи дека во последните шест месеци, Шпанецот има само една победа. Без разлика што се работи за егзибициски дуел, Надал сигурно ќе сака да покаже дека не заборавил да победил и вреди да се одигра на негов триумф.
Денеска се игра и дуелот меѓу Рубљев и Мареј.