Надал изгубил четири килограми на дуелот против Шаповалов!?

Рафаел Надал се намачи да стигне до полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, но успеа да биде дел од најдобрите четири, откако во пет сета го победи Денис Шаповалов. Дуелот кој траеше повеќе од четири часа беше исцрпувачки, а тренерот на Надал некогашниот тенисер Карлос Моја откри неверојатен податок.

„Како се одвиваше мечот, не очекував Рафа да победи, но се случи чудо. Видовме дека Надал целосно падна поради топлотниот удар што го доби, ми изгледаше како да е „мртов“ на теренот. Многу дехидрира и загуби дури четири килограми“, откри Моја.

Во полуфиналето Надал ќе игра против Матео Беретини од Италија, а дуелот ќе се игра во петок рано наутро. До пред извесно време Надал воопшто не можеше да тренира поради повреда, но сега е во трка за 21-вата рекордна титула на гренслем-турнирите.

„Добро ќе му дојде уште еден ден пауза на Надал. Ни во најоптимистичките сценарија не го очекувавме да е во полуфиналето, но Надал е Надал. Тој секогаш се враќа“, додаде Моја.

- Оглас -

Најнови вести