Рафаел Надал утринава го победи Денис Шаповалов во четврт-финалето на Отвореното првенство на Австралија, а интересен момент се случи по крајот на првиот сет.
Рафа на прес-конференцијата по средбата се обрати и кажа дека не добива специјален третман од судиите.
„Едноставно, судиите дозволуваат да се замине во соблекувалната и да се промени облеката, особено на вакви денови кога влажноста е голема.
Сметам дека не добивам специјален третман од судиите и на голем број тенисери им се има случено тоа.
Сепак, го сфаќам Денис и неговата реакција бидејќи тој само што го загуби сетот“, изјави Надал.
Шпанецот во полуфиналето, кое е закажано за во петок од 04:30 часот, ќе игра против Италијанецот Матео Беретини.