Надал јавно покажа дека ќе навива за Руд во финалето против Ѓоковиќ

Рекордерот по бројот на освоени Гренд слем титули на Ролан Гарос, Рафаел Надал, се опоравува по операцијата на ногата и оваа сезона не беше дел од неговиот омилен Гренд слем турнир. Надал заедно со Новак Ѓоковиќ се корекордери со по 22 Гренд слем трофеи, а Србинот денеска има шанса да го надмине Шпанецот.

Ѓоковиќ игра против Каспер Руд во финалето на Роламн Гарос, а јасно е дека Надал ќе навива за Руд.

„Во 2013 година Каспер Руд го гледаше Рафаел Надал каако го освојува Париз. Во 2023 година ќе игра на стадионот Филип Шатрие во финалето и ќе се бори за титулата. Одиме“, стои во објавата на академијата на Надал.

- Оглас -

Најнови вести