22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Надал како брз воз го прегази Цонга

Рафаел Надал без многу мака обезбеди учество во четвртото коло на Вимблдон по победата над Жо Вилфред Цонга со 3-0 во сетови (6-2, 6-3, 6-1). Шпанецот буквално не го остави противникот да земе здив, напаѓаше фуриозно во текот на целиот меч и за помалку од 90 минути се пласираше во осминафиналето.

Како што се очекуваше, Надал тргна со високо темпо и за брзо време поведе со 4-1 во гемови во воведниот сет. Цонга успеа да освои уште еден гем, но вториот брејк на Надал значеше водство од 1-0 за Шпанецот. Французинот се поправи во однос на претхондниот сет и освои еден гем повеќе, а по долгата неизвесност во деветтиот гем Надал ја искористи третата сет-топка за да дојде до 2-0.

Два нови брејка го доведоа Надал до 5-1 лесниот триумф, Цонга спаси три меч-топки за намали на 5-2, но тоа беше максимумот на ветеранот.

Претходно освојувачот на АТП турнирот во Монте Карло, Фабио Фоњини, претрпе сензационална елиминација 94-то рангираниот Тенис Сандгрен со 3-0 во сетови (6-3, 7-6, 6-3).

- Оглас -

Најнови вести