Надал: Можеби ќе играм само уште шест месеци!

Шпанската тениска икона, Рафаел Надал, во интервју за каталонски „Спорт“, потврди дека 2024 година ќе му биде последна во кариерата, а во зависност од тоа како ќе му реагира телото, можеби ќе игра само уште половина година пред да се пензионира.

„Постојат добри шанси ова да ми биде последна година. Постои шанса и да играм само уште шест месеци. Во моментов не можам да кажам точно до кога ќе играм. Сигурно е само дека во јануари се враќам на терените“, вели Надал.

Грен-слем турнирот „Ролан Гарос“ на кој Надал освои неверојатни 14 титули, се игра за шест месеци од сега, и можеби затоа Рафа спомнува шест месеци, и ако телото не му дозволува да биде конкурентен, последниот меч ќе го одигра токму на земјените терени во Париз каде се прослави во текот на кариерата.

- Оглас -

Најнови вести