Надал му го нуди првото место на Ѓоковиќ

Најдоброрангираниот тенисер на светот Рафаел Надал поради повреда на коленото, нема да игра на наредните два важни турнири во Кина и со тоа ќе загуби огромен број поени (1.100).

Рафа има 1.860 поени повеќе од вториот Роже Федерер и 2.315 од третиот Новак Ѓоковиќ. Србинот лани не играше во Пекинг и Шангај, па може само да го зголеми своето салдо. За да го престигне Надал, на популарниот Ноле му требаат 1.215 поени (ако ги освои двата турнири, ќе собере 1.500 поени) од овие два турнири во Кина.

Сепак, тука се прашува и Федерер. Швајцарецот лани освои 1.000 поени во Шангај, но не играше во Пекинг, па таму ќе биде во плус.

Надал најавува дека на теренот ќе се врати на парискиот Мастерс кон крајот на октомври. Сепак, отсуството во следниот месец скапо ќе го чини и може да го загуби врвот на светската ранг-листа. Федерер и особено разиграниот Ѓоковиќ имаат можност да го преземат тронот.

- Оглас -

Најнови вести