Надал му се извини на Сонего

Рафаел Надал после лесната победа над Лоренцо Сонего во третото коло на Вимблдон, му се извини на Италијанецот, за лутата реакција кога Сонего побара да биде затворен покривот на централниот терен.

Надал се лутеше што му беше прекинат добриот ритам, но и откако заврши паузата и теренот беше покриен, тој беше подобар и го доби мечот. Сепак, нервозата беше присутна, па повремено тенисерите си разменуваа и по некој збор, што не е баш соодветно за спортот кој се смета за џентлменски.

Сонего многу жестоко ги прославуваше своите поени, а после паузата, во третиот сет, откако Сонего првпат доби гејм на противнички сервис, Надал го повика противникот на мрежа, и му префрли за викањето за време на поените.

„Жалам ако сум го навредил, едноставно сакав да му кажам нешто. Не го направив тоа на лош начин. Ако тој така сфатил, непријатно се чувствувам, му се извинувам. Зборував со него, не мислам дека тоа што се случи беше голем проблем“ – изјави Надал кој беше задоволен од својата игра.

- Оглас -

Најнови вести