36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Надал на сите тенисери им даде совет: Да се вакцинираат

Рафаел Надал без многу мака се најде во третото коло на Австралија опен и тој е тенисерот кој во Мелбурн ќе го брка рекордниот 21-ви Гренд слем трофеј. Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ кои исто така имаат по 20 Гренд слем титули, оваа година не се дел од турнирот во Мелбурн, па Надал може да испише историја.

По победата на Германецот Јаник Ханфман, Надал откри дека играл голф за да ја сочува формата, но даде и совет дека сите тенисери треба да се вакцинираат, за да може непречено да бидат дел од елитата.

„Доволно се зборуваше за вакцините и дозволите за учество. Веќе две години играме во „балон“. Условите се посебни. Ако сите се вакцинираат тоа ќе ни овозможи да ги подобриме условите на турнирите, но и условите во секојдневното живеење. Секако дека секогаш ќе ги подржувам сигурносните здравствени мерки кои помагаат за спасување на животи на овој свет“, рече Надал, кој додаде дека не сака многу да оди во вежбална и дека формата ја темпирал и со играње голф.

- Оглас -

Најнови вести