Рафаел Надал наместо да ја брани титулата на омилениот грен слем турнир, Ролан Гарос, заврши на операција.
Шпанецот вчера во Барселона го оперирал мускулот на ногата кој го повреди на почетокот на годината, односно за време на настапот на Австралија опен.
https://twitter.com/carrusel/status/1664722301995057152?s=20
Според „Кадена Сер“, Надал се одлучил на оперативен зафат со цел да го скрати периодот на опоравување и што побрзо да се врати на подготовките за следната сезона која ќе му биде последна во кариерата.
Тој најави дека планира, неверојатната кариера да ја заврши на Олимписките игри кои во август идната година ќе се одржат во Париз, Франција.