Надал не го менува рецептот, не игра на трева до Вимблдон

Рафаел Надал повторно ќе одмара од Ролан Гарос до Вимблдон, а ќе го пропушти целиот дел од сезоната за игра на трева, сè до главниот настан, Гренд слемот во Лондон.

Шпанецот објави дека нема да го менува планот што го практикува во последните години и дека повторно по освојувањето на 12-тата титула на Ролан Гарос нема да игра на АТП-турнирите до 1 јули, кога почнува Вимблдон.

„Во последните неколку години паузата ми помагаше да бидам подготвен максимално за настап на Вимблдон. Зошто би менувал нешто што се покажа како добар рецепт. За мене е важно да останам здрав и способен за добар настап на Гренд слемот во Лондон“, објави Надал.

Тој е во Мајорка, каде што, како што вели, ги полни батериите за настапот на третиот Гренд слем во сезоната, на терените на „Ол-Ингланд клубот“ во Лондон.

Надал има две титули на Вимблдон, во 2008 и 2010 година, кои ја красат колекцијата од 18 Гренд слем трофеи, најмногу во историјата по Роџер Федерер, кој има 20 пехари на четирите најценети тениски турнири на планетата.

- Оглас -

Најнови вести