Шпанската тениска икона, Рафаел Надал, следната недела во Бризбејн, Австралија, ќе се врати на терените по паузата од речиси една година која ја имаше поради повреда на колкот, а вели дека не верува дека може да се вмеша во битката за освојување трофеи, туку само ужива што повторно ќе игра.
„Невозможно е да се размислува за освојување турнир. Не очекувам многу, сепак една година бев надвор од терените. Сега сакам да уживам во враќањето“, вели 37-годишниот Надал, кој има 22 гренслем-титули, а во моментов е 672-ри на АТП-листата.