24.2 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Надал не си верува самиот на себе

Рафаел Надал на Грен слемот во Мелбурн тргнува во атак да го надмине Роџер Федерер по бројот на освоени трофеи на четирите најголеми тениски турнири. Шпанецот сигурно е еден од фаворитите за триумф, но во последното интервју кое го даде, Надал вели дека не се чувствува добро и дека му е тешко да се подготви за предизвиците кои започнуваа од утре.

„До пред неколку дена изгледаше дека се е совршено. Имав многу добра предсезона и бев полн со самодоверба. Сепак, во последно време, самодовербата се претвори во проблем. Последните неколку дена патам затоа што не можам да тренирам во интензитетот кој ми е потребен. Ако успеам да се движам како што посакувам, ќе ми се врати и самодовербата“, вели Надал, кој реши и детално да го објасни проблемот.

„Кога сервирам, еден од мускулите не ми дозволува целосно да го завршам движењето како што треба. Го оптоварувам, но не смеам да го правам тоа, бидејќи мускулот може да пукне. На последниот тренинг ми беше подобро, но тоа е далеку од тоа како треба да биде“, дообјасни Шпанецот, кој мечот од првото коло во Мелбурн ќе го игра утре вечер.

 

- Оглас -

Најнови вести