Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повеќе од сигурно нема да се врати на терените следната недела и нема да игра на турнирот во Барселона, објавија шпанските медиуми.
Надал се повреди за првиот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, каде што загуби во второто коло.
Медиумите пишуваа дека Надал ќе се врати на турнирот во Барселона, кој му е еден од омилените, но последните информации се дека повредата сè уште не е целосно залечена иако Шпанецот веќе извесно време тренира.
Новата проценка на медиумите е дека Надал ќе се врати на Мастерсот во Мадрид, кој треба да се игра од 27 април до 4 мај.