Надал: Новак е тука, ќе видиме како ќе биде, најдобриот на крајот секогаш победува

Рафаел Надал како бранител на трофејот на Отвореното првенство на Австралија, пристигна во земјата на кенгурите и најави голема борба за трофејот на првиот гренслем во 2023 година. Шпанецот е рекордер со 22 греслем-титули. Тој се радуваше во јануари оваа година во Мелбурн, искористувајќи го отсуството на Новак Ѓоковиќ, кој не доби дозвола за влез затоа што немаше вакцина против корона-вирусот.

Надал вели дека е подготвен да се бори за трофејот.

„Новак е тука. Тоа е добро за тенисот, може да е добро и за навивачите. Ќе видиме што ќе се случи. На крајот, најдобриот секогаш победува. Мотивиран сум да ја почнам добро сезоната. Најважно е да бидам здрав и верувам дека ќе бидам конкурентен за титулата“, рече Надал, кој со 36 години ќе биде еден од најстарите на турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести