Надал новата сезона ја започна со пораз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, е поразен на првиот меч во Австралија каде од 16 јануари ќе ја започне одбраната на трофејот на гренд слем турнирот што се игра во Мелбурн.

Подобар од Надал беше Британецот Камерон Нори кој во рамки на Јунајтед купот кој се игра во Сиднеј, славеше во три сета и тоа со 3:6,6:3,6:4.

Интересно е што Нори до овој дуел, никогаш не успеал да освои сет против Надал, а сега дојде до најголемата победа во кариерата.

За Надал ова беше прв меч од ноември кога настапи на завршниот АТП мастерс турнир.

Шпанецот е бранител на трофејот на Отвореното првенство на Австралија, првиот гренд слем турнир во годината кој започнува на 16 јануари.

- Оглас -

Најнови вести