Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој по пауза од речиси една година поради повредата на колкот, се враќа на терените и ќе настапи на Отвореното првенство на Австралија, а за медиуми откри која е разликата меѓу него и Новак Ѓоковиќ со новата генерација.
Иако тој и Новак чекорат кон петтата деценија од животот, сè уште играат и освојуваат трофеи на најголемите турнири.
„Тенисот еволуира во силно удирање, удирање на топчето без размислување. Не бара подготовка на поенот за да се пронајде победничкиот удар. Најголем дел од младите тенисери игра слично. Тоа не ми се допаѓа, јас повеќе ја сакам тактиката. Погледнете како игра Новак и ќе ја видите разликата меѓу мене и него со младите тенисери“, изјави Надал.