Надал откри зошто загубил, но дали тоа значи дека сега многу почесто ќе губи!?

Рафаел Надал водеше со 1:0 во сетови, беше голем фаворит, но на крајот загуби од Томи Пол во првото коло од Мастерс турнирот во Париз. Иако загуби, Надал по мечот не делуваше многу разочарано во „Акор арената“, а Шпанецот откри дека тоа што пред неполн месец му се роди син, целосно му го променил животот. По овој пораз, Надал сега повоторно ќе се врати дома, каде што го чека бебето.

„Секогаш е тешко кога ќе си заминам од дома, но овојпат ситуацијата беше поинаква од претходно. Станав татко и тоа сѐ промени. Многу е интересно дека дури и три недели откако го добивме синот, со кого не може никако да се комуницира затоа што е многу мал, толку многу ми недостасува. Тоа е ново животно искуство. Сите промени во животот се тешки и потребно е време да се прилагодиме. Морам да бидам флексибилен. Ова искуство е единствено и не може да се спореди со ниту едно друго од претходно“, рече Надал, кој не заборави да му честита на Пол за победата.

Рекордерот по бројот на освоени гренслем-титули најави дека следен план му е да игра на АТП тур финалето во Торино, кое е последен голем турнир за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести