Надал по 6.538 дена повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери на светот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал за првпат по 6,538 дена повеќе не се наоѓа меѓу првите десетмина тенисери на АТП ранг-листата. На денешната листа, Надал е 13-ти тенисер на светот.

Интересно е што кога Надал за првпат влезе во топ 10, на 25 април 2005 година, актуелниот прв тенисер на светот, Карлос Алкарас, имаше само две години.

Рафаел Надал 2023 година ја започна како втор тенисер на светот, но не успеа да ја одбрани титулата на првиот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија, а потоа поради повреда, пропушти неколку турнири, што значеше губење бодови.

Шпанецот остана без 500 бода од Акапулко, каде што победи минатата година, и без 600 бода од Индијан Велс, на денешната ранг-листа падна за четири позиции.

Надал вкупно 910 недели беше во топ 10 на АТП ранг-листата, а рекордот на Џими Конорс од 789 недели го собори уште во 2020 година, додека недостижен е апсолутниот рекорд кој го држи Мартина Навратилова, која дури 1.000 недели беше меѓу десетте најдобри тенисерки на светот.

- Оглас -

Најнови вести