Надал по стапките на Ѓоковиќ, нема да игра на следниот Мастерс

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал соопшти дека нема да учествува на Мастерс турнирот во Монтреал кој започнува на 8 август. Рекордерот по бројот на освоени Гренд слем титули најави дека мора да внимава неговото тело да нема премногу напор и затоа решил да се откаже од турнирот во Канада.

„По одморот, продолжив со тренинзите и се делуваше добро. Сепак, после еден од тренинзите почувствував мала болка, која беше присутна и денеска. Одлучив да не патувам во Монтреал и да продолжам да тренинрам, но со помал интензитет. Се надевам дека повторно ќе дојдам во Монтреал и ќе играм на тој турнир што многу го сакам. Сепак, во овој момент морам да бидам мудар и да размислувам за моето здравје“, објасни Надал.

Последниот турнир н акој Надал настапи беше Гренд слемот на Вимблдон, кога пред почетокот на полуфиналниот дуел, реши да се откаже поради болки во стомачниот мускул.

Надал се подготвува и верув дека ќе биде во врвн форма за настап на последниот Гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести