Надал почна да ја користи предноста, тргна кон рекорд со убедлива победа (Видео)

Рафаел Надал остана единствениот тенисер од триото рекордери со по 20 гренслем-титули што настапува на Отвореното првенство на Австралија и го почна турнирот на убедлив начин со победа од 3:0 против Маркос Џирон.

Шпанецот славеше со 6:1, 6:4, 6:2 за малку помалку од два часа. Како што е веќе познато, на турнирот не игра Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран од Австралија откако му беше поништена визата за влез во земјата, а отсутен е и Роџер Федерер поради повреда.

Со нив двајца Надал го прави фантастичното трио тенисери рекордери со по 20 гренслем-титули.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1482924097051021314?s=20

Шпанецот ќе се обиде да ја искористи предноста, особено по контроверзниот случај со Ѓоковиќ и да биде првиот тенисер во историјата со 21 гренслем-титула.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1482952670860165121?s=20

Турнирот почна ноќеска по средноевропско време, а се играше првото коло во двете конкуренции и кај мажите и кај дамите.

Интересен случај имаше веднаш на стартот на гренслемот, и тоа во женска конкуренција.

Поради повреда, мечот во првото коло го предаде Украинката Дајана Јастремска против Медисон Брингл при резултат 1:6, 6:0, 0:5, односно кога беше на еден гем до пораз.

https://twitter.com/tennis_gifs/status/1482942522305687552?s=20

 

 

- Оглас -

Најнови вести