Надал поради повреда се повлекува од ЛОИ во Париз?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал би можел да го откаже настапот на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Тој денеска го откажал тренингот со Александер Зверев поради болка во тетивата.

Надал веќе неколку дена има проблеми, а ситуацијата најверојатно е влошена со оглед дека големиот работник од Шпанија не откажува тренинзи доколку не се работи за нешто сериозно.

Шпанскиот тенисер во првото коло од олимпискиот турнир за противник го има Мартон Фучович, а во второто коло можна е пресметка со Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести