Надал потврди: Нема да играм на „Ролан Гарос“, се повлекувам во 2024 година!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој во кариерата освои 22 гренслем-титули, од кои 14 на „Ролан Гарос“, денеска на прес-конференција објави дека годинава нема да учествува на парискиот гренслем и најави пензионирање следната година.

Неиграњето на Надал значи дека по 20 години, тој за првпат ќе падне под 100-тото место на АТП-листата, нема да биде ни меѓу најдобрите 130 на светот.

„Повредата која ја здобив во Австралија испадна потешка од тоа што мислев и уште не е целосно санирана. Моето учество на Ролан Гарос стана невозможно. По многу години, нема да играм на овој турнир, кој многу ми значи. Нема да играм ни во следните месеци. И во минатото имав тешки периоди, но победата ги покрива проблемите. Треба да го регенерирам моето тело, не знам кога би се вратил на терен, можеби кон крајот на годинава во Дејвис купот. Идејата ми е кога ќе играм, да пробам да бидам на високо ниво, но да почекаме каква ќе биде реалноста. Мислам дека следната година ќе ми биде последна во кариерата“, рече Надал.

- Оглас -

Најнови вести