Рафаел Надал кој утре во финалето против Каспер Руд ќе се обиде по 14-ти пат да го освои „Ролан Гарос“, изјави дека повеќе би сакал нова нога, отколку нова титула. Шпанецот игра добро, но има проблеми со ногата, не ја исклучува можноста дури и да ја заврши кариерата после парискиот грен-слем.
„Ми се исполни сонот да играм финале во Париз, се исплатеше жртвувањето, иако полуфиналето не го добив на начин на кој што посакував. Жал ми е за Зверев. Три месеци не тренирав, не знаев ни дали ќе играм тука. Преферирам да го загубам финалето, но да имам нова, здраво стапало. Победите носат краткотрајно задоволство. Пред мене е животот, а не знам дали ќе можам да играм со пријателите некој аматерски спорт“ – изјави Надал.