Надал повторно го одложи враќањето на тениските терени

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, го откажа учеството на уште еден турнир, бидејќи сè уште не се опорави од повредата на колкот.

Надал на кого последен настап му беше на Отвореното првенство на Австралија, претходно го откажа настапот на турнирот во Доха, а сега се откажа и од учество на егзибицијата на Лас Вегас која требаше да се игра на 5-ти март и тоа против неговиот сонародник Карлос Алкараз.

„Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да го одиграм против Карлос. Се надевам дека ќе најдеме некој друг датум за да го прославиме овој настан и да се забавуваме. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и организаторите со кои постојано комуницирав и имаа големо разбирање за мојата здравствена состојба“, изјави Надал.

Се поизвесно е дека Надал ќе го откаже и настапот на турнирот од Мастерс серијата 1000 во Индијан Велс кој треба да започне на 6-ти март.

- Оглас -

Најнови вести