Рафаел Надал се пласираше во третото коло на грен-слем турнирот Вимблдон, откако вечерва со 3-1 во сетови го совлада Литванецот Рикардас Беранкис.
Надал кој е втор носител, исто како и во првото коло, го загуби третиот сет, но ги доби другите три. Денеска имаше и едночасовен прекин поради дожд, но тоа не го забави напредокот на Надал во третата рунда. Надал на грен-слем меевите годинава има скор 16-0.
Во третото коло, Шпанецот ќе се сретне со Италијанецот Лоренцо Сонего.