Рафаел Надал има сезона од соништата. Иако веќе има цели 36 години, шпанскиот тенисер триумфираше на двата гренслем-турнири кои се одиграа во 2022 година. Надал се радуваше на трофеите на Отвореното првенство на Австралија и на неговиот омилен Ролан Гарос.
По завршување на Ролан Гарос, Надал беше забележан како се движи со помош на патерици. Делуваше дека Шпанецот има тешка повреда, но според најновите најави, Надал најавил дека ќе игра на Вимблдон, кој започнува на 27 јуни.
Освен Надал, на Вимблдон се очекува да игра и Серена Вилијамс. Серена има 23 гренслем-титули, а не играла професионален тенис повеќе од една година. Серена, која има седум титули на Вимблдон, моментно е на 1.206-тото место на ВТА-листата, но на Вимблдон може да игра поради тоа што долго време била повредена и благодарение на нејзините успеси во минатото.