36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Надал продолжува да гази во Мелбурн, одлично му оди и на Србинот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без многу мака се пласираше во третото коло на Австралија опен откако со 3:0 во сетови го победи Германецот Јаник Ханфман со 6:2, 6:3, 6:4. Надал покажа дека се наоѓа во одлична форма и во ниту еден момент не му дозволи на 126-тиот тенисер во светот да се понадева на сензација.

Надал во кариерата пет пати играл финале на Австралија опен, но има само еден трофеј и тоа во 2009 година. Тој сега атакува на рекордната 21-ва Гренд слем титулиа. Шпанецот е единствениот тенисер кој остана во натпреварувањето, а има победа на на Гренд слемот во Мелбурн.

Во третото коло се пласираше и српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ, кој иако беше аутсајдер, со 3:0 во сетови го победи Томи Пол од САД и тоа со 7:6, 7:5, 7:6.

Денис Шаповалов се намачи но на крајот победи со 3:2 во сетови против Кон од Јужна Кореја, Беретини со 3:1 во сетови беше подобар од Козлов, а по голема драма Карењо Буста со 3:2 во сетови го елиминираше Грекспор од Холандија.

- Оглас -

Најнови вести